Откажани повеќе од 3,400 летови, околу 510,000 патници не можат да патуваат: Започнал штрајкот во Германија ФОТО
Синдикатот Верди влегол во предупредувачки штрајк на 13 германски аеродроми. Од полноќ штрајкуваат вработени во јавните служби на аеродромите, копнениот превоз и воздушното обезбедување, потврдил портпаролот на синдикатот.
Здружението на германски аеродроми (АДВ) уште во петокот највило откажување на повеќе од 3,400 и погодени околу 510,000 патници. Од штрајковите погодени се аеродромите во Франкфурт, Минхен, Штутгарт, Келн/Бон, Диселдорф, Дортмунд, Хановер, Бремен, Хамбург, Берлин – Брандернбург и Лајпциг – Хале. На аеродромите во Вез во долна Рајна и Карлсру/Баден – Баден само вработените во областа на воздушната безбедност се повикани на штрајк.
Верди веќе наголемо го парализирал аеродромот во Хамбург на почетокот на празничната сезозна со неочекуван штрајк во одржувањето на авиони во неделата.

Вработените на погодените аеродроми кои се опфатени со колективниот договор за јавни служби биле повикани на штрајк во понеделникот, како и околу 23,000 вработени во услугите за копнени услуги на поголемите германски аеродроми. Верди на тој начин сака да оствари зголемување на платите од осум проценти, односно најмалку 350 евра.
Освен тоа, Верди ги повикал вработените во воздушната безбедност да стапат во еднодневен штрајк. Тоа се вработени кои ги контролираат патниците, персоналот, робата и товарот или работат во услужните зони. Верди преговара со здружението на работодавачи БДЛС за нов колективен договор кој би ги подобрил условите на работа на професионалците во областа на безбедноста во воздухопловството.
Синдикатот сака да го зголеми притисокот врз работодавачите. Наредната рунда на преговори е закажана за 26 и 27 март 2025 година. Сојузното здружение на компании за безбедност во воздухопловниот сообраќај (БДЛС) остро ги критикувало штрајковите, сметајќи ги за доказ за „синдикалните екцеси“.

Извор: b92.net
Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER