СветСиндикат

ОТПРЕМНИНА ОД ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА – Сѐ само за да се „ослободат“ од работници

   Време за читање 1 минута

Германскиот произведувач на автомобили Мерцедес – Бенз сака да го намали бројот на вработени со цел да заштеди 5 милијарди евра до 2027 година, а на вработените кои ќе се одлучат доброволно да ја напуштат компанијата им нуди отпремнини од 500,000 евра.

Програмата на отпремнини под називот „Учинок на следно ниво“ (НЛП), започнува во април и ќе трае до март 2026 година, пренесува Handelsblat.

Според пресметката, водач на тим во Мерцедес – Бенз на возраст од 55 години со бруто плата од 9,000 евра и 30 години работен стаж може да очекува повеќе од пола милион евра отпремнина.

Службеник во германската компанија на возраст од 45 години со 20 години работен стаж и бруто приход од 7,500 евра би добил 300,000 евра, додава германскиот медиум.

Понудата важи само ако на прекинување на работниот однос се согласат двете страни.

Претходно во март компанијата постигнала договор со синдикатот за програмата за штедење.

Мерцедес Бенз се обврзал до 2035 година, нема да отпушта работници од оперативни причини, но вработените за возврат отстапиле од зголемување на платите, а оваа година ќе им биде намален бонусот на добивка, пренесува Bild.

Извор: b92.net

Фото: Shutterstock/Fertas

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и главен и одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk.