Пензионерите ќе добијат повиски пензии кои ќе може да ги подигаат од 29 септември

Владата ја усвои редовната Информација за исплата на пензии за тековниот месец. Од Владата информираат дека со септемвриската пензија, пензионерите на крајот на месецот ќе добијат повисоки пензии за 6,8%.„Усвоената Информација е со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28.09.2022 година.

Се препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со септемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 29.09.2022 година.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички, ќе се реализира во четири групи, според висината на пензиите. За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29-ти овој месец, оние со висина меѓу 11.001 и 14.000 денари ќе се исплаќаат еден ден потоа, на 30-ти, меѓу 14.001 и 18.000 денари на 3-ти октомври, а оние пензии над 18.000 денари пензионерите ќе можат да ги подигнат од 4-ти октомври.

Со септемвриската пензија, пензионерите на крајот на месецов ќе добијат повисоки пензии за 6,8 %“, информираат од Владата.

Инаку, зголемувањето е направено согласно новата методологија одобрена во март годинава.