ПравдаСветот на работникот

Петковски: МТСП да одвои средства за анализа на несреќите при работа

   Време за читање 2 минути

Фејсбук статус на Претседателот на Македонското Здружение за заштита при работа, м-р Милан Петковски- МЗЗПР:

Не знам дали некој приметува, но ова е веќе втора колективна несреќа во Македонија, во изминатите месец дена. Доколку ја броиме и таа на Дурмотурс лесно ќе можете да преброите зошто колективно ни заминуваат луѓето… од работа.

Уморен сум да зборувам дека секоја несреќа може да се превенира, но уште повеќе уморен од тоа да напоменувам дека најголемата глупост во Македонија е немањето желба да се дозволи овие несреќи на работните места да се анализираат од страна на професионални организации како МЗЗПР и врз основа на тие анализи да се превземат превентивни мерки за никогаш повеќе истите да не се повторат. Но за тоа да се направи, мора прво политичарите кои се позади кормилото да сватат како да ги искористат потенцијалите на луѓето во конкретните области, наместо да им вметнуваат политика таму каде што нема.
Конкретна јавна понуда:

Министерство за труд и социјална политика да одвои средства за истражување и анализа на настанатата несреќа (несреќи) и следбено на таа анализа која ќе ја направиме од МЗЗПР во соработка со стручни лица за #БЗР и #СоветотЗаБЗР ќе предложиме стандарди за никогаш повеќе овие несреќи да не се повторуваат.

Додека ова не започнеме да го правиме и понатаму ќе бидеме само неми набљудувачи на несреќите на работното место кои според податоците на МЗЗПР, на годишно ниво во просек ни гине по еден работник неделно, или според анализите на Институтот за јавно здравје, над 1200 луѓе годишно посериозно се повредуваат. Не знам дали приметувате, но никаде не ги споменувам професионално заболените работници… немам никакви информации.

Да не се повтори…