- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Петрески: Имунизацијата е приоритет – здравствен и економски

Петрески: Имунизацијата е приоритет - Работник
280views

Годината која измина ја завршивме со негативна стапка од 4,5 %, но доколку ја погледнеме целата структура и движењата, може да забележиме дека кај преработувачката индустрија, трговијата на мало, постои едно посериозно стабилизирање, кое можеби е придвижено од севкупната фискална стимулација која беше дадена кон компаниите, но тоа даде еден поголем оптимизиам во последниот квартал од 2020 година, изјави Благица Петрески, извршен директор на „Фајнанс тинк“ во интервјуто за Утрински брифинг на Слободна ТВ.

Според неа кај онаа надеж дека вакцините ќе започнат навремено како една од најприоритетните мерки која што треба да влијае на севкупната економија има задоцнување.

-Тоа задоцнување не е само во нашата економија, тоа е глобално и оттука се генерира една глобална нееднаквост во пристапот до вакцина, каде забележуваме дека поголем дел од земјите во развој веќе имаат тешкотии и не се на ниво со развиените земји. Ова претставува еден сериозен ризик од аспект на домашната економија – во која насока ќе се движи, но во голема мерка и зависи и како глобалната економија ќе започне со заздравување. Ние сме отворена економија, зависни сме од глобалната економија и во која мера глобалната економија ќе започне да се стабилизира и закрепнува поскоро тоа би требало да се одрази и на нас. Ова не треба да ни биде оправдување, дека ништо не зависи од нас, но изгледите за оваа година се дека ќе имаме одреден раст кој нема да ги достигне нивоата кои беа пред кризата, но очекуваме дека оваа година ќе имаме раст од 4 до 4,2%, изјави во Утрински брифинг Благица Петрески, извршен директор на „Фајнанс тинк“.

Повеќе на Слободен Печат