Пешова: Најмногу работници фалат во градежништвото, угостителството и производството
Расте процентот на дефицитарен кадар во земјава кој најмногу се забележува во градежништвото, угостителството и производството, посочува заменик директорката на Агенцијата за вработување, Весна Пешова.
Таа вели дека во моментов ова се и најбараните профили на работници кои се бараат од страна на работодавачите, но и поради специфичните барања на работодавачите во последно време се вработуваат и работнци од странство кои ги исполнуваат условите.
Досега се издадени 5.000 позитивни мислења од страна на Агенцијата за вработување за странски државјани, а годишната квота е 20.000.
Извор: ТВ24

