- Advertisement -
НовостиПравда

Полицискиот час ќе трае најмалку две недели

Нови најави за продолжување на рестриктивните мерки - Работник
164views

Полицискиот час кој го предлага Комисијата за заразни болести може да трае најмалку две недели, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој на денешната седница на Кризниот штаб предложил повторно да се воведе полициски час поради зголемениот број на позитивни на ковид-19.

Предлогот на Комисијата за полициски час од 22 до 5 часот наутро ќе биде разгледуван на утрешната владина седница.

Евидентно беше во последните неколку недели зголемување на случаите. Ударот не е таков каков што беше на почетокот на ноември, но без разлика, сакаме да бидеме подготвени.

Се покажа дека има собири после 22 часот, угостителски објекти кои не почитуваат мерки, собири на јавни места и затоа е оваа мерка, рече Филипче кој додаде дека оваа мерка ќе трае две недели, вклучувајќи ги и викендите.

Тој додаде дека освен ова, засега ништо друго нема да биде препорачано. Филипче истакна дека спроведувањето на пописот не е доведен во прашање засега.

Сакаме да го ублажиме притисокот кон болниците во моментов, и затоа се овие мерки, рече Филипче.