МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

СПМ: Полицијата оставена на милост и немилост без заштитна опрема!

   Време за читање 4 минути

Гас маски, панцири и плочи ИМАТ СНЕМАНО од “задоволната” Полиција!

Синдикат на полиција во Македонија во интерес на полициските службеници, реши да истражува малку на “Google” и социјалните мрежи, а воедно направи споредба од фактичката состојба на терен ,односно да го објасни упатството за користење на комплетот со “Гас маска МC-1”, како и самата гас маска со филтри и останати додатоци за лична заштита (кои во комплетите се почесто ги нема) а комплетот треба да служи во исклучителни вонредни состојби, за лична заштита или помош на други лица, рокот на употреба и слично…

Ова подоле е комплет што секој еден полициски службеник задолжително треба да го поседува и го задолжува при лично задолжување по магацините во сите СВР-а ,ПС ОН, и ПС за ГП – ГН кои се во скоп на нашето “упропастено” МВР во Република Македонија.

Истражувањето беше запрепастувачко.

Дојдовме до сознанија дека гас маските со филтрите се со век постар и од датумот на раѓање на многу наши млади колеги, односно наследени од татковците, па дури и дедовците со што не се од никаква корист ,а уште помалку се користат за лична здравствена заштита на секој еден од нас, туку се како моден детал и тоа артефакт кој има “непроценлива вредност”!

Во продолжение Ви го претставуваме настанувањето, значењето, рокот на употреба, развиток во индустријата која ги произведувала ваквите гас маски , музејските експонати и огласи за малопродажба на Пазар 3 и на слични вакви страници.

Ќе се запрашате : Каква поврзаност има сето погоре наведено⁉️

Оставаме енигмата да ја решите сами.

На пребарување, Гас маска М-1 односно МС-1 чичко “Google” вели:

„Гас-маската М-1, MC-1, M-59, беше издадена на целиот воен персонал и цивили од крајот на 1960-тите до крајот на 1995 година. Маската се користеше во текот на сите југословенски војни. Таа е директна копија на американскиот M9A1….. Маската користи и многу едноставен код по должината на образот кој ја покажува годината на производство на маската, бројот на серијата и бројот на маски произведени во таа серија. 78-002-007, на пример, би значело дека маската е произведена во 1978 година….Филтрите издадени со маската исто така се означени со датум на производство и сериски број – 83-011 би бил филтер од серијата 11 направен во 1983 година…..”

Во продолжение сликовито ви е објаснето упаството за употреба што ние користиме, рокот за користење, за што се користи, развиток на индустријата и колку ние сме заостанале во светот,бидејќи некаде се веќе вон употреба! Исто така овој артефакт може да се најде по ниски цени,односно помалку од една дневница за службено патување, како и музејски експонати во музеите во наши соседни држави!

Почитуван Министре Оливер Спасовски,

До каде сме со набавка на нови Гас маски?

Дали и Вие Господине „бест офф“ во вонредни состојби ќе користите иста ваква а доколку немате ќе ви подариме купена на Пазар3 или разни пазари што Вие по кумановски ги нарекувате “Бувљаци”!

И на крај да прашаме:

Зошто и после шест години од Вашето владеење во МВР сеуште немате набавено гас маски, панцири и заштитни плочи за цела Полиција?

Каде е тука ре/Презервативниот привезок МПС да преземе мерки за безбедност и здравје при работа? Што има преземено за заштита за животот на полициските службеници?

СРАМ и за двајцата партнери, покажавте и докажавте дека ЖИВОТОТ на полицискиот службеник Ви е рамен на 0- НУЛА.

Паролата „Задоволна полиција“ секојдневно ја газите и ставате пред свршен чин. Впрочем таа не постои веќе одамна….За жал.

#враќањенапрофесионализмотвополицијата

линк и фотографии:

https://www.facebook.com/100046824475551/posts/pfbid0gPbMz9LJnbDknGPmTUPow7joquodhHktQT6CoABvbnSphVmsLb3TAAXLm7daeCMwl/