Uncategorised

Поставување на прашања и тестови, наместо CV предлага „Recruit“

   Време за читање 3 минути

Компанијата „Japan’s Recruit Co. Ltd.“, која стои зад најголемиот светски портал за вработување „Indeed“ и веб страната „Glassdoor“ за анонимно оценување на работодавачите, вели дека има решение за недостигот на работна сила во САД: клучот е во елиминирање на работната биографија. 

Такавата идеја веројатно им звучи чудно на сите вработени, со оглед на тоа дека општо познато е дека испраќањето на CV е наједноставниот и во главно најефикасниот начин за обезбедување на разговор за работа. 

Сепак, за регрутерите, тој процес трае. Недостигот на работна сила земал замав, а нема ни доволно време да се прегледаат сите работни биографии. 

Извршниот директор на компанијата, Хисајуки „Деко“ Идекоба, вели дека „исфрлањето на резимето е одлична прилика за нив да одат напред и да се оттргнат од старата школа на вработување“. 

Но, ако нема CV документи, што тогаш?

Според една процена, состојбата со пазарот на труд во САД тешка, дури повеќе од таа во 1950 – тите години од минатиот век, додека работодавачите со сета сила се борат да ги пополнат празните работни места. Оние кои бараат работа, од друга страна, повторно ги проценуваат своите приоритети по пандемијата. 

Побарувачката на кадар довела е до тоа да компанијата ги зголеми акциите повеќе од 80 % во 2021 година, што ја направило да биде четврто најголемо претпријатие во Јапонија според пазарната вредност. Моментално е на 5 место. 

„Современите процеси на вработување мораат да се прилагодат на времето“, рекол Идекоба, при што многу мали и средни претпријатија се уште сакаат да ги пополнат работните места на „традиционален начин“. Но, тој наведува еден пример на ресторан кој цела деценија не го променил описот на работното место, пишува Блумберг. 

„Барате факултетска диплома? – прашал и додал: „Заборавете на тоа!“

Идекоба, кој своето време го поминува помеѓу Токио и Остин во Тексас, каде е седиштето на компанијата „Indeed“, вели дека минатата еден морал да чека 40 минутри во ресторан во САД поради недостиг на персонал. 

Наместо тоа, „Recruit“ предлага поставување на прашања и тестови за процена на оние кои бараат работа, за да се види дали знаат како да се снаоѓаат со специфични задачи кои ги бара работата. Исто така, се чуваат одговорите, така што оние кои бараат работа, а немаат успех, можат да ги користат на друго место. 

posao

Фото: Freepik

За возачите на камиони кои „очајнички се потребни“ во САД, „Recruit“ започнал да нуди процес за вработување базиран на муабетење (chat-based hiring process), бидејќи возачите поголемиот дел од деновите ги поминуваат на пат и обично немаат лаптопи. 

Покрај тоа, се додава, „постојат огромен број на луѓе кои не умеат да напишат CV или немаат вештини да ги обликуваат“, а тука е и прашањето со десетина милиони Американци со кривични досиеја. „Recruit“ ги проширува своите можности за да им помогне на луѓето да напишат подобри работни биографии и има за цел да ја користи технологијата за идентификација на вештини – кои кандидатот би можел да ги има, а кои би можеле да се пренесат на друга област. 

Извор: Telegraf Biznis

Фото: Freepik