МакедонијаПравдаСветот на работникот

По барање на Гласен Текстилец направен вонреден инспекциски надзор во две конфекции за исплаќање на плати под минималната

165views

Почитувани,

По барање на Гласен Текстилец, направен е вонреден инспекциски надзор во Европа фешн и Алконтекс за исплата под минимална плата за вработени опфатени со времени мерки кои биле ослободени од работни обврски, за истите е задолжен работодавачот да направи корекција на плата и истата се очекува оваа недела да биде исплатена и корегирана.
Молиме за трпение поради зголемениот број на пријави и лимитираниот број на инспектори на терен од страна на Трудовиот инспекторат и рокови кои се дадени за отстранување на неправилности.

Исто така, известени сме дека мајки на деца од предучилишна возраст им е јавувано да се вратат на работно место. Доколку работодавачот обезбеди сменска работа за грижата на децата да биде поделена со другиот родител или се овозможи работа од дома, не смее да се одбие таквата работа.

За секоја информација можете да пишете порака на нашиот фб профил или не контактирате на телефонскиот број кој е достапен на страната.

тимот на Гласен Текстилец – се наведува во фејсбук статусот на Гласен Текстилец.

Претседателката на Гласен Текстилец, Кристина Ампева преку свој фејсбук статус истакна дека Здружението е известено дека на мајки на деца од предучилишна возраст им е јавувано да се вратат на работно место.

“Доколку работодавачот обезбеди сменска работа за грижата на децата да биде поделена со другиот родител или се овозможи работа од дома, не смее да се одбие таквата работа”, вели Ампева.