НовостиСветот на работникот

ПРВА МЕЃУ МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ: „Андреева Консалтинг“ воведува четиридневна работна недела – Петок ќе биде слободен, платите на вработените остануваат исти

   Време за читање 1 минута

Почнувајќи од април, Друштвото за еконмско – правни услуги „Андреева Консалтинг“ ќе воведе четиридневна работна недела. Веста со редакцијата на порталот Работник ја сподели сопственичката на компанијата, Александра Андреева. Оваа компанија е првата во Македонија која го воведува овој модел.

Како што објасни Андреева, поради природата на работата нема да можат сите три вработени да бидат слободни, па така ќе дежураат на ротација, што значи дека две вработени ќе бидат слободни во петок.

На прашањето зошто се одлучила на ваков потег, Андреева истакна дека од првиот момент целта ѝ била среќен и задоволен тим, бидејќи само така може да расте еден вистински бизнис. Смета дека со поставеноста на работата можат да си го дозволат тоа без да има негативни последици врз клиентите.

Го размислував веќе некое време и еве сега дојде моментот. Првично идејата ми дојде кога се погодија два-три продолжени викенди едно по друго, дека убаво ми дојде, и така некако се пренесе идејата за во фирмата да воведам, посочи Андреева.

Прашана за тоа дали платите на вработените ќе им останат исти, Андреева одговори потврдно и објасни дека се осигурани на полно работно време, иако досега не го работеле полно (таа претходно им овозможила и флексибилно работно време). Додаде дека во нејзината компанија платите секогаш одат само во плус.

Бобан М. Илијевски

Новинар за работни односи, човечки ресурси и кариера

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *