ЕкономијаМакедонијаНовости

Битиќи: На ВМРО-ДПМНЕ им е непријатно кога гледаат како платите растат

   Време за читање 1 минута

,,Разбирам дека на ВМРО-ДПМНЕ им е непријатно кога гледаат дека во последните 7 години имаме раст на платите, па и разбирам дека мора некако да го оправдаат својот неуспех и немање грижа за животниот стандард на граѓаните во нивно време.

На социјалните мрежи вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи одговори на тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за економскиот стандард.

Но, сепак… грешките (сакам да верувам ненамерни), се почетнички. Економија 1.0.

Прво, споредувате два економски неспоредливи временски периоди. 2006 до 2016 (10 години) и 2017 до 2023 (6 години).

Второ, креирате заблуда кај граѓаните со не вклучувањето на 2.300 денари за хранарината и превозот во пресметките за плата (кои пред 1-ви јануари 2009та година се исплаќаа одделно). Па ако ги додадеме овие 2.300 денари на просечната плата за 2006 година, еве какви се соодносите за раст од 2006-2016 и 2016-2023.

Подолу, коригиран, точен график” пишува Битиќи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *