ЕкономијаМакедонија

СКСМ: ПРИЗНАНИЈА ЗА ЧЛЕНКИТЕ НА КОМОРАТА СО ДЕЦЕНИСКИ ЈУБИЛЕИ ЗА  НИВНАТА ЛОЈАЛНОСТ

Стопанската комора годинава доделува Признанија за осумнаесет (18) свои членки, компании, кои во 2026 година одбележуваат децениски јубилеј. Традиционално, како и секоја година и оваа, Комората доделува признанија на своите членки кои во 2026 година одбележуваат децениски јубилеј од своето постоење, а признанијата се доделуваат на денот на одбележување на јубилеите за секоја компанија поединечно.

Одлуката за доделување признанија се темели на фактот дека повеќе децении, од почетокот на транзицијата, македонската економија постојано е изложена на влијанијата на кризите низ кои минуваше, а Комората во континуирана, директна комуникација со компаниите и согласно јавно приватниот дијалог со институциите во Владата успеа да помогне да се одржат здрави компании. Паралелно, компаниите ја препознаваат поддршката и во најтешките кризи (светска, економска, здравствена, финансиска, енергетска итн.), остануваат лојални кон нашата институција, куќа на бизнисот.