- Advertisement -
НовостиПравда

Претседателката на Антикорупциска: Рамадани не може да ја извршува функцијата во МЕПСО

Претседателката на Антикорупциска - Работник
187views

Куштрим Рамадани не може во моментов да ја извршува функцијата во МЕПСО на која е назначен, вели претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска.

Како на поранешен член на Регулаторната комисија за енергетика не е поминат законски предвидениот рок од две години пред да ја преземе новата функција – рече таа на трибината по повод Денот на борбата против корупцијата.

Рамадани беше заменик претседател на РКЕ, а минатиот месец на предлог на ДУИ  беше назначен за претседател на Управниот одбор на МЕПСО, на местото на Ева Шуклева.