МакедонијаСиндикат

Претставници на САДУ одржаа средба со заменик министерот за социјална политика: „Зборувавме за зголемување на платите“

   Време за читање помалку од минута

Фејсбук статус на Синдикатот на администрација и државна управа (САДУ):

По барање на ✅ Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија (САДУ) ✅, денес се одржа состанок со заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, г. Ѓоко Велковски. На состанокот беше отворено прашањето за зголемување на платите и подобрување на работните услови за вработените во

✅Центрите за социјална работа✅.

Двете страни изразија заеднички став дека корекцијата на платите е неопходна и мора да се реализира во најкраток рок, со цел да се подобри материјалната состојба на вработените и условите за работа.

Договорена е нова средба во најкраток можен рок, на која ќе се предложи решение за овие прашања.