- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникот

Приватните лекари со најголем интерес, вработените во јавното здравство трети на листата испитаници кои би примиле вакцина

Здравствени работници - Работник
67views

Матичните лекари, аптекарите и лаборантите повеќе сакаат да се вакцинираат против коронавирус од вработените во државните клиники и болници. Интерната анкета на министерството за здравство и Националната група за Ковид вакцинација покажала дека од 2462 анкетирани матични, вработени во аптеки, лаборатории и специјалистички ПЗУ-а 80,8 проценти одговориле дека ќе се вакцинираат. Од 13.690 лекари, медицински сестри и останат здравствен кадар и администрација во јавните здравствени установи – 69 отсто потврдиле дека ќе примаат ковид вакцина, сличен е процентот (69,5) и од анкетирани 579 вработени во приватните болници.

– Од здравствените работници кои одговориле негативно на прашалникот, како причина навеле дека немаат ризик од зараза од вирусот или ,,други причини”. На здравствените работници им беше овозможено да одговорат дали работат со ковид пациенти, дали се медицински, технички или административни лица во ЈЗУ -ата, односно ПЗУ-ата, велат од министерството за здравство. 

Advertisement

И додаваат дека анкетата ја спровеле со цел да ги изготват групите за вакцинација според фазите од оперативниот план.

Од друга страна реагираат лекарите кои се на приватна специјализација. Иако дел од нив директно работат со ковид пациенти не добиле прашалник дали сакаат да се вакцинираат бидејќи биле со договор на дело.

Advertisement

-Се надеваме дека тоа наскоро ќе се корегира, во секој случај не е етички да вакцинирате една група на лекари, а не друга. Секој кој е експониран, кој што работи со ковид пациенти треба и мора да биде вакциниран, изјави Александра Георгиева, претседател на Здружението на лекари специјализанти.

Инаку Македонија се уште ги чека првите дози за и официјално да почне процесот на имунизација против Ковид. И денеска нема нов момент околу административните процедури за да ги добиеме понудените 8000 вакцини на Фајзер од Србија.

Извор: Сител

Advertisement