- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникот

Принципот на еднаквост помеѓу мажи и жени во работен однос

Принципот на еднаквост - Работник
163views
РУБРИКА ЗА ТРУДОВО И СОЦИЈАЛНО ПРАВО
Тема: Принципот на еднаквост помеѓу мажи и жени во работен однос
Законот за работните односи го инкорпорира начелото на еднаквост во сите аспекти на работниот однос кога станува збор за мажи и жени, па и повеќе. Во членот 6 се предвидува забрана за дискриминација по било кој основ, каде се вели дека за жените и мажите мора да бидат обезбедени еднакви можности и еднаков третман при вработувањето, напредувањето, плаќањето и отказот. Согласно членот 24 работното место НЕ може да се објави само за мажи или само за жени, освен ако полот не е услов за вршење на работата! Во членот 108 се предвидува должност за еднакво плаќање на мажите и жените кога работното место е со еднакви барања! Жената ужива посебна заштита на работното место по основ на пол за работа во под земја и посебна заштита заради бременост, раѓање и родителство. Тоа се потврдува и со членот 9-а од ЗРО.
ПОГРЕШНО Е да се смета дека жената заради начелото на еднаквост нема потреба да ужива посебна заштита за време на бременост, раѓање и мајчинство.
ПОГРЕШНО Е да се објавува работно место само за маж или жена, ОСВЕН доколку полот како услов за вработување не е предвиден во посебен општ акт на работодавачот!
ПОГРЕШНО Е да се прави било каква разлика и дискриминација на жените затоа што може да останат бремени, или истото да се условува со задржување на работното место!
ПОТРЕБНО Е реално (de facto) изедначување на мажите и жените на работното место, особено од аспект на плаќањето на работата за исти компетенции и исти работни задачи!
проф. д-р Лазар Јоеввски
 

РУБРИКА ЗА ТРУДОВО И СОЦИЈАЛНО ПРАВО

Тема: Принципот на еднаквост помеѓу мажи и жени во работен однос

Законот за…

Posted by Проф. д-р Лазар Јовевски on Monday, March 8, 2021