Протест пред УЈП поради двојното оданочување – УЈП тврди дека данокот не е нов и мора да се плати
Нејасни даночни пријави, слаба координација меѓу даночните службеници и закани за десеткратно оданочување – ова се дел од проблемите со кои студентите тврдат дека се соочиле отккао добиле даночни решенија за приходи остварени во рамки на програмата „Work and Travel“ во странство.
Денеска протестираа пред УЈП. Посочуваат дека данокот веќе бил платен во матичните земји каде што работеле а сега се соочуваат со обврска да платта повторно .
Студент
„Еден службеник ни кажува едно – дека треба да платиме данок на веќе платениот данок; друг службеник ни кажува друго – дека треба да ја пријавиме целата плата. Имав ситуација да разговарам со службеник кој ми посочи дека, доколку не ги пријавам платните листи врз основа на вратениот данок, износот ќе ми биде помножен десетпати, по што би бил оданочен. Тоа беше апсолутно некоректно. Средствата веќе ги потрошивме за студии, кирија и други потреби поврзани со образованието“, вели студентот.
На протестот се приклучија и поранешни работници во Авганистан и Ирак, кои тврдат дека, и покрај тоа што поседуваат докази за веќе платен данок во трета земја, Управата за јавни приходи бара дополнително оданочување.
Член на „Правда за сите 2026“ – Куманово
„Ова е доказ од наш колега, на кој му е доставена пријава на 09.05.2025 година, во која стои дека е ослободен од данок. Но, три дена подоцна му е доставена нова пријава според која треба да плати данок од 4.000 евра. Како е можно во рок од три дена да важат различни решенија – првично без никакви давачки, а потоа со значителна даночна обврска“, вели граѓанинот.
Од Управата за јавни приходи велат дека оданочувањето на доходот остварен во странство не претставува нова обврска, туку примена на постоечки закон кој е во сила со години. Од институцијата нагласуваат дека пристапот не е репресивен – нема присилна наплата на казни, а можноста студентите да плаќаат на рати сè уште се разгледува.
Елена Петрова
„Нема двојно оданочување но потребно е да се достави доказ за платениот данок, и тоа е законска процедура која не е новина во државата.
Од лани УЈП започна со наплата на даноци на оставрени приходи во странств од лица кои работеле во странски мисии и студенти кои работеле преку студентски програми како „Work and Travel“.
Извор: ТВ 24

