Распоредување на работното време
Време за читање 1 минута
Распоредување на работното време
Распоредувањето и условите за времено прераспоредување на работното време се одредуваат само со закон, колективниот договор или со договорот за вработување.
Во случај на распоредување на работното време, работодавачот е должен во писмена форма да го извести работникот за временото прераспоредување на работното време најмалку еден ден пред тоа. Во случај на вакво распоредување на полното работно време работникот не смее да биде распореден на помалку од четири работни дена во неделата.
Распоредувањето на работното време се врши според природата или организацијата на работата или потребите на корисниците. При распоредување, како и временото прераспоредување на полното работно време, работното време не смее да трае повеќе од 40 часа неделно и не помалку од четири часа дневно.
Воедно при распоредување, како и временото прераспоредување на работното време се зема предвид работното време како просечна работна обврска во периодот, кој не смее да биде подолг од шест месеца.
Тимот на Јуридика
Latest posts by Редакција (see all)
- Независниот синдикат на полицијата денеска излегува на протест, бараат да се почитува Законот за минимална плата - 12/05/2025
- Швајцарската компанија „Ронтис“ ќе инвестира во Македонија – ќе вработи 500 лица - 12/05/2025
- СПМ зеде учество во панихидата по повод десетгодишнината од настаните во Диво Насеље - 09/05/2025