Регрутерите нашето CV го читаат само 6 секунди: Избришете ги овие 7 работи од него
Некои истражувања покажуваат дека работодавачите на секое CV при првата селекција на кандидатите посветуваат шест секунди. За тие шест секунди тие не можат да прочитаат три страни на кои се напишани нашите искуства, хобијата, желбите и барањата, особено ако тие не се најважни за работната позиција за која се пријавуваме. Затоа, пронајдете начин да ја поедноставите вашата биографија.
Се појавува оглас за работа од вашите соништа. Одлучувате да се пријавите, но сфаќате дека вашето CV има премногу работи кои не се важни за работната позиција, но верувате дека ја даваат пошироката слика за вас. Дилемата дали да се остават или да се избришат ја решаваат регрутерите кои истакнуваат дека е важно во тоа CV да стојат само најпотребните работи.
„Неопходно е работната биографија делумно или потполно да ја промениме при секое ново аплицирање за одредена позиција. Што значи тоа? Значи дека со текот на времето одредени податоци губат на значење и треба да се исфрлат. Но како кога сите ви се подеднакво драги? Започнете по ред“, објаснува Мари Менинг, регрутер во една американска компанија.
Целта за пријавувањето веќе сте ја напишале, во насловот на мејлот. Зошто да ја повторувате? Не-релевантното искуство – работните позиции во локалните кафулиња во текот на студирањето, волонтирањето на саемот за автомобили… Задржете го само она што ќе ве прикаже во најдобро светло или индиректно ќе укаже на додатните знаења кои ги имате.
Избришете ги овие 7 работи од својата биографија:
- Брачна состојба
- Податоците за средното и основното училиште ако сте оделе на факултет
- Вашата религија
- Вашите хобија
- Непрофесионалната адреса на електронската пошта
- Долгите параграфи
- Неважното работно искуство
Нека биде кратко и прецизно така што ќе го вклучите само она што е важно.
Извор: BIZlife.rs
Фото: Unsplash
- Секој четврт вработен во Германија работи од дома (Анкета за читателите) - 25/03/2025
- Дарко Шпер и понатаму штрајкува со глад, Извршниот одбор на синдикатот Независност одржал седница во РТВ - 24/03/2025
- Одлучувачки при вработување: 10 брзо растечки вештини кои компаниите сакаат да ги видат во вашето CV - 24/03/2025