Македонија

Реконструкција на водоводна линија и изградба на нова канализациона линија за 30 домаќинства во Негорци

Реконструкција на водоводна линија - Работник
123views

Во севереозападниот дел на Негорци се гради нова канализaциона линијa во должина од 800 метри. Со овој зафат ќе се обезбеди канализационен приклучок за 30 домаќинства кои живеат во централниот дел на Негорци. Но, досега немаа канализација што претставуваше сериозен проблем.

– Тргнувајќи од потребите на граѓаните кои живеат во центарот на ова населено место, а сепак досега немаа канализација, се одлучивме да инвестираме и изградиме нова канализациона линија, изјави директорот на ЈПКД „Комуналец“ oд Гевгелија. Градежните работи и поставувањето на канализациониот цевковод ги изведуваат нашите служби. Паралелно со изградбата на нова канализациона линија и нејзино приклучување на канализационата мрежа во Негорци, вршиме и замена на дотраените водоводни цевки. На овој дел од населбата ќе биде обновена целата водоводна линија, изјави директорот на ЈПКД „Гевгелија“, Златко Зумров.

Според градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, ова не е единствениот инфраструктурен зафат во Негорци. Неодамна беа бетонирани сокаците на улицата „Ѓорге Велков“ кои по секој дожд беа поплавени. Исто така, деновиве заврши и уредувањето на тротоарите во центарот на населбата. Бекатон плочки се поставени на тротоарот крај главната сообраќајница во ова населено место.

Извор: Општина Гевгелија