- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Рурална Коалција ќе одржи е- пазар насловен како „Наша тезга“

Рурална Коалиција - Работник
518views

Жените имаат КЛУЧНА улога во производството на храна, а оваа година Меѓународниот ден на руралната жена – 15 октомври се одбележа со пораката “Жените од руралните средини произведуваат здрава и безбедна храна за СИТЕ нас! Но, дури 84% од жените во руралните средини за време на Ковид пандемијата имаат намалување на нивните економски приходи од земјоделските активности кои што ги вршат, а нивните производи и понатаму остануваат непродадени.

Дури 56% од жените во руралните средини немаат информација за можностите за финансиска поддршка кои што им се нудат, а работат и по 11 часа на ден, работа која што НИКАДЕ не е евидентирана и платена!

Но, како што беше и главната порака за време на овој живот во пандемија дека онлајн земјоделство нема, па производството и понатаму продолжи да расте кај жените, а Рурална Коалиција имаше за задача како да го најде пазарот за продажба на земјоделските производи и преработки. Па така, ако нема онлајн земјоделство, има онлајн пазар, има виртуелни тезги има приказни и животни стории на нашите жени од руралните средини. Рурална Коалиција ја изгради првата онлајн платформа за продажба на земјоделски производи на жени од руралните средини наречена “Наша тезга“, па така производите на “Наша тезга“ стигнаа и до првиот саем на социјални претпријатија.

Животните приказни на нашите жени од руралните средини, традицијата на нашето домашно производство, палета од локални здрави земјоделски производи и преработки кои што треба да ја полнат трпезата на секој од нас, достапни на виртуелните тезги на првиот женски рурален е-пазар кој што е изграден врз основа на меѓусекторски партнерства што пак значи дека ваквиот пазар е граден низ заедничка соработка на бизниз заедницата, донаторската заедница, индивидуалните граѓани и институциите. Поради својата инклузивност истиот се смета и за еден од успешните примери и во регионот на Западен Балкан.

“Наша тезга“ всушност е интерактивен онлајн пазар на локално произведена храна од рацете на нашите жени од руралните средини, каде што освен храната, ќе може да се запознаете и со животните приказни на жените, раскажани токму од нив, за традицијата на земјоделското производство.

Ова е првата платформа која што директно придонесува за унапредување на социјално-економската положба на жените од руралните средини

Од 03-ти декември 2021 година, храната на “Нашата тезга“ може, а и треба да се најде на трпезата на секој од нас!