НовостиСветот на работникот

Сакате работа од соништата? Заборавете на CV – еве што навистина ви треба

   Време за читање 4 минути

Кога е во прашање наоѓањето нова работа, бројот на пријави и CV образци кои ги испраќате не се најдобар показател за вашиот напредок. Вистинскиот тест, според новата студија на истражувачите од Харвард, е во бројот на разговори кои ги водите.

По десет години интервјуирање и истражување на повеќе од 1,000 работници – од корпоративни директори до менаџери во ресторани за брза храна – истражувачите откриле дека успешните професионалци имаат една клучна заедничка вештина: тие се исклучително вешти во вмрежување.

Иако не е универзално решение, вмрежувањето може да помогне подобро да ги процените приликите и да го избегнете вработувањето на место кое нема да ве исполни, тврдат авторите на студијата.

Луѓето преферираат едноставно да скокнат на LinkedIn или некоја друга платформа за вработување и да започнат да испраќаат CV-ja без воопшто да разговараат со луѓето во компаниите или позициите за кои се пријавуваат“, објаснува Мајкл Б. Хорн, еден од авторите на истражувањето, за CNBC. „Барањето работа е многу повеќе општествен процес отколку што луѓето мислат: потрагата по ‘совршена работа’ на интернет ретко резултира со најдобар избор, дури и ако добиете понуда.“

Резултатите од истражувањето се преставени во книгата Job Moves, кои заедно ја напишале Хорн, Итан Бернштајн и Роберт Моеста.

Вмрежувањето е клучно во ера на ВИ и „лажните“ огласи

Хорн истакнува дека вмрежувањето станало уште поважно во работното опкружување каде доминираат „ghost“ огласите за работа, автоматската селекција на кандидатите со помош на вештачката интелигенција и работните биографии генерирани со помош на ChatGPT.

Работодавачите повеќе не се сигурни дали CV-јата кои доаѓаат преку онлајн конкурсите навистина ги преставуваат вештините, искуствата и компитабилноста на кандидатите за одредена улога“, објаснува тој. „Се’ почесто се потпираат на она што отсекогаш го работеле – а сега можеби и повеќе од претходно – чекаат вистинската личност да се појави преку препорака.“

Истражувањата покажуваат дека кандидатите кои доаѓаат по пат на препорака имаат многу поголеми шанси да бидат вработени во споредба со оние кои се пријавуваат на стандарден начин. Според недоамнешниот извештај на фирмата Paradigm, кандидатите кои се препорачани имаат повеќе од 4,5 пати веројатност да бидат ангажирани.

Како вмрежувањето да се направи помалку непријатно и поефикасно

Хорн признава дека процесот на вмрежување може да делува „непријатно и застрашувачки“ за многумина, но постои начин како да се поедностави.

Џесмин Ескалера, експерт за кариера од MyPerfectResume, го предлага следниот пристап: направете список на отворени позиции кои навистина ве интересираат, а потоа контактирајте ги менаџерите за вработување, тимот за човечки ресурси или некој кој би можел да биде ваш колега преку меил или LinkedIn.

Во пораката претставете се, нагласете дека сте испратиле пријава, објаснете на кој начин се поврзувате со мисијата на компанијата и предложете состанок во живо или онлајн за да разговарате.

Овие контакти можете да ги искористите за да стекнете единствен увид во компанијата и позицијата, што може да ги зголеми вашите шанси за вработување.

Исто така, не е неопходно директно да контактирате некого од компанијата која ве интересира. Разговорите со луѓе од индустријата или слични позции може да ви пружат искрени и корисни информации, советува Бернштајн.

Едно од најпаметните прашања кои можете да ги поставите во овие разговори, според него, е: Како би ме убедиле да ја прифатам оваа работа, а како би ме наговориле да ја одбијам?“ Ова прашање ги открива клучните предизвици и предности на одредена позиција.

„Информативните интервјуа се прилика навистина да процените дали е тоа нешто што сакате да го работите и дали одговара на вашите вредности и приоритети во овој момент од животот“, истакнува Бернштајн.

Ако во разговорите не откриете ниедна потенцијална препрека „не го правите тоа како што треба“, додава тој. „Многу ќе научите за она што го сакате во работата кога ќе сфатите што не сакате.“

Извор: BIZLife/K.J.

Фото: Unsplash

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и главен и одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk.