Останато

6 знаци кои „вриштат“ дека е време да дадете отказ

Милиони работници ги напуштиле работните места во последните месеци. Некои пронашле нови „улоги“, додека други заминале без претходно најдено решение. Причините се различни, а луѓето се често даваат откази пред да бидат отпуштени. 

Како да знаете кога е време да дадете отказ и да побарате ново работно место? Тоа не е лесно да се препознае, бидејќи сите имаат лоши денови. 

„Понекогаш не ја сакате својата работа, или ве нервираат колегите, односно се фруструирани поради многуте обврски, менаџерите и соработниците, но дали тоа значи дека би требало да дадете отказ? Секако дека не“, вели Ејми Гало, експерт за прашања повразни со работните места од Бизнис школата на Харвард. 

Од друга страна, процената за тоа колку долго постојат проблемите и идентефикацијата на она со што сте незадоволни, може да ви помогне да утврдите дали сте „заглавени“ во ситуацијата или е време да одите понатаму. Притоа, немојте да ја губите од вид пошироката слика. 

Во ек на пандемија работите биле многу интензивни. Сите сме почувствувале големо согорување на работното место. Во живото сме имале многу предизвикувачи на стрес, вели Гало. 

Фото: Shutterstock

6 знаци дека е време да одите понатаму

1. Чувствувате дека упорно стагнирате или дури назадувате. Тешко е да се остане мотивиран и продуктивен на работа, ако сметате дека нема место за напредување. Кај секој посебено се јавува разично чувство: тоа може да значи недостаток на напредување и зголемување на плати, или недостаток на нови одлуки, вештини. Долгорочното неисполнетите ветувања од страна на вашиот шеф, како нова позиција, дополнителни обуки или дополнителен персонал кој би ви помогнал во работата, исто така може да биде исцрпувачки. 

2. Имате големи проблеми со шефот. Нормално е дека не секогаш се согласувате, но ако проблемите започнат да ги надминуваат повремените несогласувања и постои недостаток на доверба и поддршка – тоа може да ја задуши вашата продуктивност и напредувањето во кариерата. Исто така претставува лош знак ако менаџерот постојано ве „навредува“ или оценува. 

3. Постојано ги одложувате задачите. Сите повремено ги одлагаме работите, но ако секогаш чекате до последен момент да ги завршите работните обврски, тоа би можело да е сигнал дека е време да одите понтаму. 

4. Не сте „усогласени“ со компаниската култура. Со други зборови, ако паралено водите интензивен професионален и приватен живот, а притоа често, па и среде ноќ, ви пристигнуваат еден куп мејлови од шефот – може да дојде до „burn out“ синдром. Начинот на којшто компаниите одговориле на потребите на работниците во текот на пандемијата, одиграле важна улога во одлуката на луѓето да ги напуштат работните места. 

5. Забележувате други потенцијални можности. Луѓето во главно листаат огласи или бараат нова работна прилика тогаш кога не се задоволни со работата, но хронично. Би требало да се преиспитате себе си: дали имав лош ден или навистина ми треба промена? Дали е овде навистина толку лошо, а на другите места е подобро? 

6. Вашиот став се променил. Обратете внимание ако започнете повеќе да ги „превртувате очите“, издишувате, мрморите. Исто така, ако денот го започнувате со лошо расположение, а потоа стресот го носите дома, јасно е дека е време за промени. 

Извор: Biznis Telegraf

Фото: Shutterstock