„Само три професии ќе ја преживеат вештачката интелигенција
Најновиот технолошки развој и сеприсутноста на вештачката интелигенција предизвикале одредена загриженост меѓу работниците.
Иако иднината нема да изгледа како некој научно-фантастичен филм, со напредокот на вештачката интелигенција, ситуацијата би можела да биде многу лоша за нас обичните смртници, барем според милијардерот Бил Гејтс, пренесува Citimagazin.
Технолошкиот могул предупредил дека многу работни места едноставно ќе застарат.
Меѓутоа, Гејтс е прилично сигурен дека постојат три занимања кои вештачката интелигенција ќе ги „поштеди“.
Програмери
Иако ВИ може да генерира кодови, во овој момент е далеку од совршен. Луѓето ќе мораат да ја надгледуваат вештачката интелигенција, поправаат грешките и дизајнираат уште понапредни системи.
Експерти за енергетика
Гејтс, исто така, напоменал дека енергетскиот сектор е премногу сложен за вештачката интелигенција да може да управува со него.
Секторите на нафта, нуклеарна и обновлива енергија изискуваат стратегија и премногу експертиза, за нафтената индустрија да биде потполно афтоматизирана.
Инженерите, истражувачите и техничарите и понатаму ќе бидат потребни за управување со инфраструктурата, разбирање на индустриските предизвици и иновациите.
Биолози
Што се однесува до биолозите, додека ВИ може да се користи како алтка во медицинската индустрија (што е и случај), на технологијата и’ недостасува креативност потребна за научни откритија.
Значи, во меѓувреме експертите најверојатно ќе ја користат вештачката интелигенција за да анализираат големи колични на податоци и да дијагностирцираат болести.
Гејтс признал дека би можел да погреши и дека начинот на кој оваа технологија ќе се користи најверојатно ќе го реобликува секојдневниот живот слично како што тоа во минатото го направиле индустриската револуција и интернетот.
И, ако случајно вештачката интелигенција не стане постојана, сите ќе можеме да тврдиме дека сме знаеле дека никогаш нема да функционира и дека била само времен тренд.
Извор: b92.net
- СПМ: Испратени барања до МВР и Одделот за правни работи за преиспитување на повлекување на измените од Законот за Полиција - 19/04/2025
- Неделков: Вработените во културата испоснички го дочекуваат Христовото воскресение - 19/04/2025
- Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. - 18/04/2025