НовостиСветот на работникот

Секој четврт вработен во Германија работи од дома (Анкета за читателите)

   Време за читање 1 минута

Секој четврт вработен во Германија барем повремено работи од дома е заклучокот на објавениот извештај на Институтот за економски истражувања IFO од Минхен.

Во февруари процентот на вработени во Германија кои работеле од дома изнесувал 24,5 %, што претставува благ раст во однос на августовските 23,4 %, се додава во извештајот.

Работата од дома станала општоприфатена, а поединечните иницијативи компаниите да ги вратат своите вработени во канцеларија не се одразуваат на статистичките податоци, изјавил истражувачот на минхенскиот институт Жан – Виктор Алипур.

Најголем процент на вработени кои работат од дома се забележани меѓу давателите на услуги (34,3 %), во преработувачка индустрија (16,9 %), во трговија (12,5 %) и во градежната индустрија за 4,6 %.

Процентот на германските вработени кои работат од дома речиси и да не се променил од април 2022, додал Жан – Виктор Алипур.

Истражувањата спроведени во Соединетите Американски Држави покажуваат дека компаниите под економски притисок се’ почесто ја ограничуваат работата од дома.

Во последните месеци, вработените ширум корпоративна Америка, од Амазон преку Дел до Волмарт, како и на работниците во сојузната влада, им било речено да се вратат во канцелариите на пет дена во неделата, што претставува значајна промена во однос на трендовите на хибридната работа од пандемиската 2020 година, пренесува CNBC.

Американските работници не сакаат да се одречат од привилегијата на работењето од дома, а многумина од нив најавуваат дека ќе дадат отаз ако фирмите ги тераат целото работно време да го поминуваат во канцеларии.

Дали Вие работите од дома?

[ays_poll id=’3′]

Извор: b92.net

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и главен и одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk.