
Сечата на дрвја и загадувањето на изворите од кои зависи водоснабдувањето на околу 5,000 жители на струшкото село Октиси интензивно продолжува, стои во е – маилот кој доцна синоќа пристигна до нашата редакција, а истиот е испратен од страна на жителот на с. Октиси, Даниел Шикоски.
Тој наведува дека деновиве жителите на С. Октиси, поради фактите дека и покрај тоа што нашата држава како и целиот свет се соочуваме со здравствената криза предизвикана од коронавирусот и рестриктивни мерки во движењето на граѓаните, како и фактот дека целиот процес околу сечќата на шумата се наоѓа пред суд, а сепак истата интензивно продолжува, жителите на С. Октиси се подготвуваат масовно да излезат на протести доколку истата продолжи и понатаму.