Вести

Се крои нов закон за ангажирање на сезонски работници

Работниците кои се ангажирани за земјоделска дејност, вработени во хотелите или друг тип на приватно сместување, помошнички во домот, бејбиситерки и хигиеничарки освен што ќе добиваат хонорар за својата работа ќе може да добијат и придонеси за социјално и пензиско осигурување.

Предлог законот кој го подготвија пратеници и од власта и од опозицијата има за цел формализирање на дел од дејностите каде има најмногу сива економија.

Со ова  законско решение може да бидат опфатени невработени, вработени лица како и самовработени лица, лица помлади од 18 но под услов да ги  исполнуваат условите за работа, студенти, странци и пензионери, освен приматели на инвалидска пензија. 

Повеќе на ТВ24