МакедонијаСветот на работникотСиндикат

Синдикат во полицијата на Македонија:МПС не обвинува затоа што не работи и е во страв од загуба на членството

Синдикат во полицијата - Работник
602views

Целта на испраќањето на нашето писмо до институциите е да реагираме да нападите кои ги добивме како новоформиран синдикат, се наведува во писмото на Синдикатот на полицијата во Македонија – СПМ кое е испратено до Премиерот Оливер Спасовски, Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев и заменик министерот за труд и социјална политика, Џонул Бајрактар.

Во продолжение на писмото стои дека Синдикатот на полицијата на Македонија е формиран од побудата за заштита на работничките права и економско – социјалната положба на работниците. Велат дека во рамките на самото Министерство „тече мед и млеко“. Вработените во Министерството (во се поголем број) секојденвно се понижувани, малтретирани, нападите кон нив често остануваат неказнувани, владеењето на правото е „мисловна именка“ и вознемирувањето на работниците на работното место се повеќе расте.

„Непрофесионализот во Министерството доволно ви е познат на сите, како и опременоста и условите за работа“, се наведува во писмото.

Од СПМ истакнаа дека поради овие причини се формира и започна со работа трет Синдикат во МВР под назви „Синдикат на полицијата во Македонија“

Велат дека наводите на Сојузот на синдикатите на Македонија, како и на Македонскиот полициски синдикат дека Синдикатот на полицијата во Македонија е формиран само да биде замолчан еден синдикат во МВР се неточни, тенденциозни, истите се клевета само за да на секој начин политички ги обојат за што велат дека ги отфриле во целост.

„Повеќе би рекле дека се плашат затоа што како синдикат изминативе години колку понудија на полето на подобрување на правата знаат и самите вработени во МВР“, истакнаа од СПМ во писмото.

Наведуваат дека ССМ и МПС обвиниле дека Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев врши притисок врз синдикатот и формира паралелен синдикат во МВР, со цел да се замолчи МПС, но вистината е велат, дека причината за овие обвинувања се нивното неработење и стравот од губење на членство кое според СПМ е незадоволно од нивното работење.