Совети за работниците: Како да препознаете токсичен колега на работното место? Постојат 4 типов, а овие особини ги издаваат

Подготвил: Бобан Илијевски

Ако ги изговориме зборовите „работа“ и „токсичност“ во една реченица, поголемиот дел од луѓето ќе помислат на две нешта: работното опкружување и шефот. Малкумина во предвид ги земаат колегите, какви и да се.

Тоа најверојатно е поради што ниеден од своите колеги не ги доживуваат како доминантни за да имаат токсично влијание врз нив. Но, дали е баш така?

Telegraf Biznis.rs пишува за токсичните колеги кои „демнат“ по враќањето на работното место.

По глобалното ширење на пандемијата во текот на 2020/2021 година, луѓето масовно започнале да работат од дома, а сега наголемо се враќаат на своите старо-нови работни места.  Истражувањето од јуни, кое било спроведено од LifeWorks, покажало дека речиси четвртина од испитаниците овие денови доживуваат зачестени конфликти или агресија на работното место.

Исто така, се открило дека повеќе од третина сметаат дека нивната организација не пружа обуки или поддршка за да се „справат“ со тоа. Хибридните распореди на работата дополнително ги ескалираат конфликтите, пишува Блумберг, бидејќи „без разговор во ходникот, со цел да се поправат работите, оставаме тие да се натрупаат“, вели Ејми Гало, автор на книгата Getting Along: How to Work with Anyone.

Оваа книга, објавена минатиот месец, наведува поделба на колегите кои се „тешки за соработка“, со преглед на она што го започнува лошото однесување и стратегиите кои се однесуваат на вашето поставување кон нив. Помеѓу останатите, тука се:

  • Колегата „песимист“ со ставот: Твојот план никогаш нема да успее.
  • Колега „мачител“ со ставот: Сите треба да патат, бидејќи и јас патев.
  • Пасивно – агресивен колега кој се жали од вас зад вашиот грб.
  • Кариерист кој зема заслуги за вашата работа.

Ејми Гало во интервју за Блумберг ги открила своите ставови поврзани со токсичните работници, односно вашите колеги на работа, а од нејзините реченици можете многу да научите.

Кој е најдобриот начин на размислување доколку имате колега „од пеколот“?

Морате да бидете возрасна личност во собата и да имате емпатија кон тоа лице. Демонизацијата или омразата кон некој кој нанесува штета, не помага во дадената ситуација, а сигурно не ви помага ниту вам. Можете да бидете љубопитни во врска со тоа зошто колегата се однесува така и да бидете отворени; дозволете динамиката помеѓу вас да се промени. Тоа е важно за секој однос кој ви предизвикува стрес. Потоа сфатите кои однесувања вашиот колега ги покажува и идентификувајте го неговиот прототип. Понекогаш луѓето не се вклопуваат целосно во еден архетип, но можете да користите тактика за секој и да видите што функционира. Третирајте го тоа како експеримент.

Постојат ли сеопфатни стратегии?

Една тактика, применлива за мноштво лоши однесувања, е да се обидете да поставите норми во тимот кој усвојува такви однесувања. На пример, ако некој постојано ве „поклопува“, би можеле да воспоставите норма луѓето да не се прекинуваат додека зборуваат. Не морате да бидете на највисоката позиција во тимот за да речете: Можеме ли да се согласиме околу тоа кои би биле нашите норми?

А кога сме кај земање на примат во говорот, речиси секоја компанија има т.н. „сезнајковци“. Нивното класично однесување е да ги изнесуваат своите ставови на секоја тема, но како што вели Гало, и да даваат изјави без податоци или докази кои би ги поддржале во тоа. Во тој случај, потрудете се да не му дозволите на тоа лице да изнесува факти без вистински докази. Но, и тука постои финта. Како да се инсистира на податоците, а да не звучи тоа агресивно?

Речете: Ох, интересно е тоа што велите дека на нашите купувачи не им е грижа за карактеристиките на производите, но како дојдовте до тој заклучок? Или: Мислам дека работиме со различни информации, бидејќи не видов податоци кои го поддржуваат тоа што го зборувате.

Што ако колегата упорно ве прекинува и минира?

Преминете го неговиот/нејзиниот прекин, така што ќе речете: Ве молам, можете ли да ги задржите за себе вашите коментари или прашања додека не завршам? Или – Вашето упаѓање ми ја попречува концентрацијата, па би бил/а благодарен/на доколку ми дозволите да ја завршам мислата. Ако повторно ве прекинат, речете: Ќе ја завршам мојата поента, а потоа сакам да слушнам што имате да кажете.

Која е најчестата грешка во конфликтот на работно место?

Луѓето одлучуваат дека им е сеедно, дека не се грижат, и можеби се надеваат дека некој ќе забележи или дека колегата ќе си оди. Тоа би можело да биде многу долго чекање! Познавам многу малку луѓе кои можат успешно да се изолираат. Наместо тоа, ги потиснуваат емоциите и на крајот паѓаат под стрес. Таа емоција може да протече на пасивно – агресивни начини или во вид на исфрлање на бесот врз некој што нема врска со дадената ситуација. Негативните луѓе нема толку да ве оттргнат од патот доколку имате хобија, заедница, пријатели и семејство. Вие сте тогаш поотпорни. А ако 90 % од луѓето со кои комуницирате се љубезни, поминете време размислувајќи на нив и комуницирајте со нив најмногу што можете. Чувството на срам ретко не инспирира да се однесуваме подобро. Тоа поголемиот дел ги тера на уште полошо однесување.

Кога е во ред да се извести менаџментот или одделот за човечи ресурси?

Ако сте испробале многу тактики за да го подобрите односот со колегата, а ниедна не успеала, тогаш добро решение е да одите кај некој кој има вештини, мотивација и авторитет да преземе нешто по тоа прашање. Но, многу луѓе кај кои одиме често ги немаат тие вештини или едноставно не им е грижа за да направат нешто. Доколку не напредувате во решавањето на конфликтот, понекогаш морате да ја заштитите својата кариера и благосостојба и да се оддалечите од токсичниот колега. Исто така, можеби би требало да ги документирате инцидентите, така што, ако работите ја „прелеат чашата“, да имате докази за тоа што навистина се случило во текот на конфликтот.

Фото: Shutterstock