МакедонијаПравдаСиндикат

СОНК: Вработените во градинките кои работеле на 2 јануари, утре да побараат да им се плати како ден за празник

СОНК: Вработените во градинките - Работник
332views

Министерството за труд и социјална политика најави дека утре (14 декември) ќе биде работен ден за вработените во градинките кој ќе се одработи за 2 јануари 2019 година кој беше прогласен за неработен ден за сите во државните институции.

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК реагираше на највата од страна на МТСП, со тоа што ги советуваше своите членови во градинките кои работеле на 2 јануари, доколку работат и утре, да побараат работниот ден да им се исплати како ден за одмор или празник.