МакедонијаСиндикат

СОНК задоволни од најавените мерки на Мицкоски во образоанието

СОНК задоволни од најавените мерки - Работник
165views

Квалитетното образование како темел за развојот на едно општество (кој темел во Македонија е прилично разнишан веќе со години наназад), е крупен предизвик за една власт. Но досегашните решенија не дадоа значајни поместувања.

Сепак, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како предизборни мерки промовираше решенија што треба значитено да го реформираат сегментот на образованието и културата.

Мицкоски вети обнова која ќе опфати изградба на нови 20 и реконструкција на најмалку 50 училишта во државата, поголеми плати за наставно образовниот кадар на универзитетите и тоа до 100.000 денари за редовните универзитетски професори, до 80.000 денари за вонредните професори, до 60.000 денари за доцентите и до 45 илјади плата за асистентите на факултетите. Најави поголеми плати и за професорите во основното и средното образование. Создавање на најмалку еден универзитет кој според својот квалитет ќе се рангира на Шангајската листа. Како и унапредување на македонскиот јазик како наше идентитетско обележје.

Од Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Македонија, како единствен репрезентативен синдикат за образование и наука, со позитивен став кон овие ветувања на Мицкоски

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, ја презентираше нивната програма во делот на образованието, во која што ветува дека во наредниот мандатен период осетно ќе ги зголеми платите на вработените во сите сфери на образованието, односно во основното, средното, високото образование и науката. Исто така, ќе се заложи и за подобрување на училишната инфраструктура и условите за работа на вработените во образованието, со крајна цел стимулирање на наставниците за поквалитетна работа и како резултат на тоа образованието да го подигне на највисоко ниво односно по теркот на современите и напредни држави“, велат од СОНК.

Оттаму додаваат дека конечно, заложбата на СОНК, којшто повеќе години се бореше за усогласување на минималната плата на национално ниво со колективните договори од дејноста образование, ќе се реализира, и како резултат на тоа минималната плата на национално ниво ќе биде основа за пресметка на плати.

„Таканаречената “урамниловка” односно иста плата за различни работни места со различна сложеност на работата и различни коефициенти ќе замине во историја“.

Извор: Нетпрес