СПМ ги достави предлозите за измените на Законот за внатрешни работи – Повеќе детали утре…
Фејсбук статус на СПМ:
Денес Синдикат на Полиција во Македонија до Министерот за внатрешни работи г-дин Панче Тошковски ги достави предлозите и предлог измените за Законот за внатрешни работи.
Воедно ги известуваме нашите членови и вработените во Министерството за внатрешни работи дека со анализата на предложениот ЗВР се донесува недвосмислен заклучок дека целокупниот предлог е наменет односно ќе овозможи конечно функционална институција.
Факт е дека во последните години наназад МВР како институција немаше скоро никаков систем, систем кој често беше злоупотребен заради бизнис, партиски и лични интереси. Со овие предлог измени многу предлог решенија се ставаат во ред за кои сметаме дека ќе донесе професионална и некорумпирана полиција.
Новиот Закон за внатрешни работи ќе донесе поголема функционалност на МВР, тука вклучително не само права туку и конечно воспоставување на систем кој во иднина ќе функционира.
Во најголем дел се земени начелата на етика и морал при изработка на закон или законско решение со што вака изготвениот предлог закон е дозволив и спроведлив во пракса. Повеќе од јасно е дека ЗВР мора да претрпи измени и дополнувања, со комплетно нов закон, вклучувајќи ги тука и промените и предлозите кои ги предлагаме како Синдикат.
Согласно наведеното Бараме и писмено да бидеме известени и поканети за учество во сите работни состаноци по наведениот закон да го дадеме својот допринос како и детално објаснување на нашите предлози.
Со почит,
Синдикат на полиција во Македонија
#враќањенапрофесионализмотвополицијата