МакедонијаСиндикат

СПМ им одаде почест на загинатите полициски службеници

Фејсбук статус на Синдикатот на полиција во Македонија:

Денес по повод 7-ми Мај- Ден на полицијата, делегација во состав на Советник на Претседателот на СПМ Миќи Михајлоски и Дејан Габеров на Синдикат на полиција во Македонија, во дворот на ОВР Радовиш положија свежо цвеќе и оддадоа почит пред спомен обележје подигнато во чест на прерано згаснатите млади животи на полициските службеници: Ерол Готак, Саше Соколов и Коце Крстев, кои во 2001 година застанаа на браникот на државата во одбрана на суверенитетот и интегритетот на Република Македонија.

Нека се помнат вашите дела , нека се споменуваат вашите свети имиња со векови!

Храбри момци кои ни живот не штедевте во одбрана за оваа парче крвава и напатена земја!

СЛАВА ИМ🙏