Занимливости

Мозоците на инсектите би можеле да започнат револуција во вештачката интелигенција

Молневити брзи реакции на винските мушички и други бубачки би можеле да ги револуционаризираат системите на вештачката интелигенција, како оние во самовозачките автомобили, тврдат експертите. Научниците од универзитетот во Шефилд, проучувајќи ги мозоците и очите на мувите, откриле „турбо појачување“, познато како високофрекветно скокање, кое на бубачките им овозможува реакција со изнвонредна брзина и прецизност, пишува BBC News.

Истражувањето покажало дека куќните и винските мушички не ги обработуваат информациите пасивно, како што претходно се верувало. Наместо само да го набљудуваат светот, инсектите мрдаат со своите тела во синхронизација со она што го гледаат. Експертите велат дека тие ситни, нагли движења, слични на брзите движења на очите познати како сакади, им помагаат на нивните мозоци побрзо и појасно да ги примат информациите за светот кои ги опкружува. Тој механизам би можел да ги направи роботите и самовозачките автомобили попаметни и енергетски поефикасни, бидејќи за собирање на инфорамции би го користеле движењето наместо да се потпираат исклучиво на компјутери.

Исклучителна брзина на информации

„Нашите откритија укажуваат на фундаментално нов начин на кој треба да се набљудува обработката на информации во мозокот“, изјавил професорот Микко Јусола од Школата за биолошки науки.

Студијата, објавена во списанието Nature Communications, открила дека кога инсектот ќе сврти нагло, неговиот мозок „прескоскнува“ во поголема брзина, што му овозможува да се сосредоточи на најважните и најбрзите движечки информации, појаснил Јусола. Овој механизам им овозможува на бубачките да ги преовладат физичките и невронските ограничувања кои инаку би ја лимитирале нивната перцепција, па ги поддржува како однесувања како брз лет или избегнување на предатори.

„Покажавме како дури и ситните мозоци можат да решаваат сложени проблеми со неверојатна брзина“, рекол Јусула, главен автор на студијата.

Револуција за вештачката интелигенција

Идните системите на вештачката интелигенција – особено оние кои се користат во роботиката, автономните возила и носење на одлуки во вистинско време – би можеле да доживеат револуција со усвојување на сличните начела за обработка на информации водени од движењето и прилагодливиот пристап, рекол д-р. Јуни Такало.

„Овие сознанија ги оспоруваат традиционалните модели на невронска обработка, кои поаѓаат од претпоставката дека информациите течат по утврдени патишта со постоечки доцнења. Наместо тоа, резултатите ја потврдуваат новата концептуална рамка во која видот е заеднички напор помеѓу движењата на инсектите, визуелните поддршки кои ги примаат и реакциите на нивниот мозок“, изјавил д-р Такало, кој го водел развојот на биофизички реалистичен статистички модел на кој се темели трудот.