Бројот на вработени во оваа европска земја преминал 22 милиони: Имаат речиси 15 % странски работници
Бројот на вработени во Шпанија достигнал нов историски максимум, бидејќи во април се регистрирани 22,1 милион осигуреници во системот на социјално осигурување, што е зголемување од 223,685 лица во однос на март, покажуваат актуелните податоци на Министерството за инклузија и социјало осигурување.
На годишно ниво, вработеноста во Шпанија во април пораснала за 517,192 лица меѓугодишно, односно за 2,4 %, со клучен придонес од секторот туризам и угостителство, кој додал повеќе од 111,000 вработени и забележал раст за 7,4 % меѓугодишно, пренесува Паис.
Растот на вработеноста во голема мера е поттикнат од сезонското вработување во текот на велигденските празници кои оваа година во Шпанија биле на крајот на март и почетокот на април.
Бројот на невработени во Шпанија е намален за 62,668 лица на месечно ниво и за првпат од јуни 2008 година паднал под 2,4 милиони, додека на годишно ниво невработеноста е намалена за 155,674 лица, односно за 6,2 %.
Како што се наведува, бројот на странски работници во Шпанија достигнал 3,24 милиони во април, односно 14,7 % вкупна вработеност, со годишен раст од преку 250,000, што го потврдува нивното значење на пазарот на труд.
Бројот на вработени жени во Шпанија и понтаму расте и сега изнесува речиси 10,5 милиони, што е 47,5 % од вкупниот број на работници.
Уделот на привремени договори во Шпанија опаднал на 11,6 %, што е значајно пониско во однос на околу 30 % од 2019 година.
Извор: Telegraf Biznis/Tanjug

