СПМ оствари средба со Државниот секретар на МВР
Вчера 10.12.2024 година Делегација на Синдикат на полиција во Македонија -СПМ предводена од Претседателот на СПМ Орце Коцевски, Генералниот советник на СПМ Никола Кирковски и членот на Претседателството на СПМ Маја Мазневска одржа состанок со Државниот секретар на МВР г-дин Сашо Петрушевски.
На самата средба беа презентирани неколку проблеми со кои се соочуваат вработените во МВР, како и запознавање со неколку иницијативи на СПМ за измена на неколку закони во надлежност на МВР. Дадена е поддршка и во иднина се очекува нивно решавање.
Благодарност за можноста и укажаната взаемна соработка во иднина.

