ССНМ ќе ја промовира Мрежата на жени во медиумите
Време за читање помалку од минута
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници денеска во Скопје ќе ја промовира Мрежата на жени во медиумите.
– По шест месеци координација, состаноци и обуки, новинарки и медиумски работнички ја подготвија структурата, мисијата и визијата на Мрежата, како и целите за нејзиното идно дејствување, велат од ССНМ.
Проектните координаторки и членовите на координативното тело на Мрежата ќе ги презентираат наодите, потребата, нивното искуство во регрутирање на членки, како и процесот на иницирање и создавање на мрежата.
Latest posts by Редакција (see all)
- СПМ: Испратени барања до МВР и Одделот за правни работи за преиспитување на повлекување на измените од Законот за Полиција - 19/04/2025
- Неделков: Вработените во културата испоснички го дочекуваат Христовото воскресение - 19/04/2025
- Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. - 18/04/2025