Светот на работникот

Сте добиле писмо за одбивање од некоја компанија? Еве што претставува истото? Зошто е важно? И кога се испраќа?

Подготвил: Бобан Илијевски

Писмото за одбивање на кандидатите за работа е од круцијална важност при процесот на вработување. Тие следат методолишка насока и му објаснуваат на кандидатот зошто не е избран за позицијата за која аплицирал. Многу е важно регрутерите и менаџерите за човечки ресурси да имаат големо познавање за структурата на писмата за одбивање на кандидатите за работа. 

Што е писмо за одбивање на кандидати за работа?

Тоа претставува формален е – маил/писмо кое образолжува дека одреден кандидат бил неуспешен при процесот на селекција за одредена работна позиција. Писмото можете да ја содржи причината поради која бил одбиен кандидатот. Треба да му укаже и во кој дел да се подобри во иднина.

Писмото за одбивање е и од голема корист за кандидатот за позицијата, бидејќи му кажува дека треба да продолжи со барање на работа.

Добро структираното писмо му дава на кандидатот голем број на корисни информаии. Регрутерите можат да го пратат писмото во било која фаза од процесот на вработување. Сепак, содржинат на истото се разликува во зависност од тоа во која фаза од процесот е кандидатот.

На пример, писмото кое би било испратено до некој што нема да биде вработен, треба да содржи неколку основни детали. За разлика од тоа, писмото испратено после интервјуто за работа треба внимателно да се структуира. Со тоа треба да му се каже каде треба да се поправи.

Зошто писмото за одбивање на кандидатот е важно?

Важно е бидејќи покажуваат професионализам од страна на компанијата која вработува. Давањето на конструктивен фидбек на кандидатите е најдобрката пракса при процесот на вработување и позитивно се одразува на бизнисот. Ваквиот вид на писмо ги елиминира кандидатите од процесот, а со тоа и овоможува на регрутерите да ја „стеснат“ листата на потенцијални кандидати.

Кога да се испрати писмо за одбивање?

Регурутерите можат да го испратат писмото веднаш по процесот на селекција. Компаниите треба да ги охрабрат да ги испраќаат овие писма што е можно поскоро за кандидатите да продолжат со барање на работа. Испраќањето на писмото во најбрз можен рок не е важно за регрутерите, но овој потег покажува дека компанијата е транспарентна и професионална.

Регрутерите можат да испратат писмо по деталното разгледување на квалификациите, искуството и вештините на кандидатот. Ова е од голема важност, бидејќи покажува дека е донесена добра одлука, а регрутерите можат да продолжат понатаму со кандидат кој би бил повеќе успешен.

Регрутерите треба да почекаат некој ден за да го испратат писмото. На тој начин, кандидатите ќе знаат дека нивната професионална биографија била земена во предвид. Оние регрутери кои го земаат ова во предвид, демонстрираат големи лидерски вештини, па можат да напредуваат на повиски позиции.

За кандидатите за работа е исклучително важно да знаат дали имаат шанса да станат дел од компанијата во која аплицирале, не само од причина што на тој начин би знаеле дека треба да продолжат со работа, туку и да се уверат дека нивните досегашни квалификации и компетенции не се за занемерување.

Во писмото, каде што се нуди во кој сегмент да се подобрат кандидатите, се пресудни за оние кои аплицираат за првата работна позиција во нивниот живот. Се разбира, важно е и за оние кои имаат искуство.

Што мислите вие? Дали во Македонија се практикува да се испраќа писмо за одбивање на кандидатите? Какво е вашето искуство во овој контекст?

Повеќе за ова прочитајте на au.indeed.com

Фото: Freepik

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и главен и одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk.