МакедонијаСиндикат

Сè уште трае штрајкот во ЈП „Национални шуми“

   Време за читање 1 минута

Штрајкот во ЈП Национални шуми кој започна пред неколку денови сè уште трае. Претседателот на Сојуз на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов денеска ја посети подружницата на ЈП Национални шуми – Бабуна Велес каде што сите работници се едногласни во однос на потребата од исполнување на барањата поради кои започна штрајкот.

Вработените ги бараат неисплатените плати, неисплатените теренски додатоци и останати додатоци на плата.

– Револтот кај вработените е голем поради тоа што во континуитет се доцни со исплата на нивната плата, поради тоа што повторно им се исплаќа намалена плата, која за последниот месец е незаконски намалена за 2000 денари на секој еден од вработените во ова јавно претпријатие, како и поради тоа што веќе неколку месеци не им се исплаќа теренскиот додаток како и другите додатоци на плата, велат од ССМ.

Рокот за исплата на платата за февруари истекува на 15 март и доколку не се исплати истата во законски предвидениот рок барањата се да се организира протест пред централата на ЈП Национални шуми во Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *