„Тивко отпуштање – тренд на менаџерите и работодавачите

„Тивкото напуштање“ стана омилен збор на „Тик-ток“ во последните месеци. Меѓутоа, сега излегува дека менаџерите прават нешто слично со вработените – „тивко отпуштање“.

Тивкото отпушање ја опишува ситуацијата кога менаџерите прават чекори за да го направат работното место непривлечно со надеж дека некои вработени ќе си дадат отказ. Некои суптилни знаци може да бидат доцнења со зголемувањето на платата и напредувањето, нееднаквост во работните часови во однос на колегите и исклучување од групни активности.

Според Ени Росенкранс од „Хај Боб“, платформа за човечки ресурси, не станува збор за нов феномен, туку за нов концепт за објаснување на токсичната работна атмосфера која е присутна со години.

„Тивкото напуштање“ стана популарно на интернет поради повеќе видеа на „Тик-ток“. Накратко, тивкото напуштање е извршувањето на обврските за кои сте платени и ништо повеќе од тоа. Вработените даваат минимален напор наместо да дадат отказ.

Извор: Факултети.мк

Фото: Istock