МакедонијаНовостиСиндикат

Требаше да се смени власта за СОНК да ја обнови репрезентативноста

   Време за читање 1 минута

После две години, Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) ја обнови репрезентативноста во дејностите образование и детска заштита. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, во изјава за порталот Работник рече дека по се’ испаѓа дека требаше да се смени власта за да се реши овој проблем.

За жал испаѓа дека требало да се смени власта за да профункционира системот. Ние многупати директно и индиректно ја повикавме минатата власт да преземе чекори со кои ќе го оствари законски утврденото право на докажување на репрезнетативност, односно право на обновување на репрезентативноста, рече Неделков.

Иако на сите им било јасно дека СОНК е убедливо најголемиот синдикат во државата и дека ги исполнува сите критериуми за обновување на репрезентативноста, надлежните во Министерстовот за труд и социјална политика, како што вели Неделков, очигледно не сакале тоа да се случи. Тоа, потенцираше тој, им одеше во прилог и на некои други синдикати коишто наоѓаа свој интерес во целата приказна.

Неделков се сомнева дека тоа што и Конфедерацијата на слободни синдикати, чиј грански синдикат е СОНК, треба да биде репрезентативен синдикат им „боде“ очи на некои синдикати кои склучуваат колективни договори со ограничени права на работниците.

Пред неколку месеци, СОНК одржа прес-конфренција на која со докази обелодени дека претставниците на Сојузот на синдикати на Македонија не се појавувале на седниците на Комисијата за репрезентативност, па поради тоа не можело истите да се одржат.

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и главен и одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk.