Тренчевска очекува до крајот на месецот конкретни предлози за пензиите
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска до крајот на месецот очекува конкретни предлози во однос на пензиите, a фокусoт е ставен на пензионерите со ниски месечни примања. Според неа работната група континуирано се состанува и оти во моментот се разгледуваат сите можности за ова прашање. Таа истовремено најави дека за утре е закажан состанок.
-Работната група функционира во континуитет, се состануваат одржуваат средби на кои се разговара за првичните мерки кои како Влада треба да ги обезбедиме за пензионерите, со посебен фокус на пензионерите со пониски пензии. Сите претставниците на институциите дебатираат за она што е реална состојба во државата, во работната група се споделуваат податоците за да можеме да пристапиме кон креирање социјални мерки за пензионерите со ниски пензии. Очекувам до крајот на месецот да имаме конкретни предлози, кои ќе бидат преставени и пред медиумите и пред пензионерите, рече Тренчевска.
Инаку пензионерите за среда – 20 септември најавија голем протест. Тие бараат линеарно зголемување на пензиите за 3.500 денари, а не како што е најавено од 6,8 проценти.
Одлуката за формирање на работната група беше донесена минатиот месец по состанокот на Тренчевска со Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, кој следуваше по протестот на пензионери во Скопје. Тие тогаш побараа и продолжување на усогласување на износот во согласност со новата методологија воспоставена минатата година, како и одредување на минималната пензија во износ 80 отсто од минималната плата.
- По повеќе од две години опструкции, СОНК ја обнови репрезентативноста - 07/12/2024
- Мицкоски по состанокот на ЕСС: Очекувам наредната година да имаме раст кој ќе го почувствуваат граѓаните преку повеќе пари, подобри услови за бизнис и поефикасни услуги - 06/12/2024
- Во октомври зголемен бројот на слободни работни места во САД - 05/12/2024