Останато

Витанов: Се‘ додека им е до грабање, ќе грабаат и од работниците, потребна е визија (ВИДЕО ИНТЕРВЈУ)

Во мал број се работодавачите кои се вистински лидери, бидејќи без визија не можеш да бидеш лидер, вели претприемачот Зоран Витанов во Видео интервјуто на порталот Работник.

Лидерот, како што вели Витанов, е водач, а потеклото на самиот збор произлегува од зборот вода. Водата, објасни тој, секогаш знае како најбезболно да стигне до целта – морето, па оттаму да се биде вистински лидер потребно е да се знае која е целта.

„Мнозинството претприемачи (чест на исклучоците) гледаат да грабнат. На пример во градежништвото – градат згради за да земат пари, не ги интересира дали таа зграда дава нова вредност во градот или одзема вредност од истиот. И сѐ додека им е само до грабење, тие ќе грабат и од простор и од работниците“, вели Витанов.

Во исто време, и ако работниците немаат визија зошто се таму и ако не сфаќаат дека тој што ги ангажирал е нивниот моментален клиент, но работат за себе не за клиентот, тогаш и тие гледаат да грабнат. Што грабаат? Филозофијата „не можеш ти помалку да ме платиш, колку што јас можам помалку да работам“, вели Витанов.

Целосното интервју подолу:

 

 

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk