- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Три македонски просечни плати прават една словенечка- Македонија последна на „екс ју“ просторот

Оперативниот план нуди субвенции - Работник
162views

Македонија, според Меѓународната организација на трудот е рангирана на второ место во светот по растот на просечната плата, после Канада. Сепак и покрај тоа што просечната плата расте, граѓаните на Македонија имаат слаба купувна моќ, поради преголемата инфлација. Она што е исто така е важно да се напомене е дека кога ќе се земат во предвид просечните плати на државите со кои Македонија беше во федерација до 1991 година (Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија), може да се дојде до заклучок дека просечната плата во Македонија е на последно место. 

Така, лидер од екс – ју државите е се уште Словенија, каде што просечната плата во декември 2020 година изнесувала 1,314 евра и е за 856 евра поголема од македонската просечна плата за декември 2020 година која изнесува 458 евра. Мора да се се забележи дека најплатените професии во Македонија заработуваат над 856 евра. Ова значи дека една плата во Словенија е речиси колку три македонски просечни плати. 

Advertisement

Втора држава по износот на просечната плата е Хрватска. Таму во декемвеи 2020 година таа изнесува 923 евра. Разликата помеѓу просечната плата во Хрватска и во Македонија е 465 евра или околу една македонска просечна плата.

Србија е на трето место и таму просечната плата во декември минатата година изнесувала 772 евра. Таа е за 314 евра поголема од просечната плата во Македонија односно околу половина просечна македонска плата.

Advertisement

Босна и Хрецеговина е на четврто место со просечна плата за декември 2020 година од 505 евра. Разликата помеѓу просечните плати во БиХ и Македонија е мала и изнесува 47 евра, но и покрај тоа нашата држава е на последно место по износ на просечна плата во поранешните југословенски републики.

Премиерот Зоран Заев осварнувајќи се на последниот раст на просечната плата во декември од 28,588 денари (458 евра), рече дека Владата во наредните четири години се стреми кон зголемување на просечната плата од 34,000 денари, сума којашто согласно проекциите на Министерството за финансии не можно да се достигне до 2024 година.

Од друга страна, бизнис секторот и синдикатите велат дека просечната плата расте поради тоа што најголемиот дел од работниците коишто биле отпуштени работеле на минимална плата, но и поради тоа што некои високоплатени индустрии, како ИКТ секторот, имале добра 2020 година и покрај пандемијата, што значи дека имале висока заработка, па како последица на тоа имаме раст на просечната плата. Влијание врз растот има и субвенционирањето на придонесите на плати во износ од 600 до 6,000 денари. Ова субвенционирање Владата го воведе во декември 2019 година, со цел да се формализира платата во плико. 

Бобан Илијевски

 

 

Advertisement