Светот на работникот

Три правила на комуникацијата поради кои луѓето нема да ве прекинуваат додека зборувате

Било да се случува во канцеларија или на кафе со пријателите, тоа што некој ве прекинува додека зборувате е фрустрирачки, зарем не? Тоа не е само прашање на пристојност, тоа директно ја ограничува вашата способност да се изразите, придонесете кон тимот и, на крај, да се чувствувате самоуверено.

Ако не можете да дојдете до збор, ја губите биткната и на професионален и на емотивен план. Па, како да се возврати ударот?

Магична формула од три зборови

Кога некој ќе ве прекине, немојте само да замолчите. Наместо тоа, подигнете ја раката или прстот (цврсто, но смирено) и изговорете ги овие три зборови: „(Име), јас зборувам.“

Клучот е во тоа да го употребите името на личноста. Тоа моментално ги застанува, но на културен и економичен начин. Кратко, јасно и ефикасно. Сепак, за воопшто да не дојде тоа ова, важно е вашиот настап да го поставите на начин што природно луѓето ќе сакаат да ве сослушаат до крај.

Еве три клучни совети како да изградите авторитет во комуникацијата:

1. Дојдете подготвени (и одите право кон целта)

За луѓето да ве слушаат, морате веднаш да им кажете зошто треба да ве слушаат. Пред секој состанок запишете ги своите мисли и извлечете ја главната поената на самиот почеток. Никогаш немојте да „вртите“ околу суштината.

  • Лош пример: „Добивав некои повратни информации за, ова, па, некои проблеми околу, да речеме, пренесување на обврските и некои други категории на кои влијаат на сметководствените правила…“
  • Добар пример: „Загрижен сум поради смедководствените правила. Имаме еден месец да развиеме нови процеси или ќе се соочиме со сериозни финансиски ризици.“

2. Освоете го вниманието во просторијата

Јавниот говор се учи. Ако тивкиот тон или несигурниот настап ве попречуваат на работното место, време е за еволуција.

  • Исфрлете ги „паразитските“ зборови: Зборовите како „ова“, „она“, „како“, „знаеш“ само го разводнуваат вашиот авторитет.
  • Внимавајте на интонацијата: Избегнувајте речениците да ви звучат како прашања (подигнување на тонот на крајот од реченицата). Изјавата мора да звучи како факт, а не како молба за потврда.
  • Говор на тело: Ако состанокот е хаотичен, слободно станете и одлучно кажете: „Сакам нешто да кажам.“

3. Ако не можете да победите, променете ги правилата

Ако културата на прекинување во вашиот тим станала неподнослива, разговарјате со менаџерот по состанокот. Предложете нови правила на комуникација, на пример, секој да има свој ред за говор без влегување во збор.

Исто така, можете да се здружите со колегите. Следниот пат кога некој ќе ја прекине вашата колешка, речете: „(Име), Марија зборуваше. Сакам да слушнам што има да каже до крај.“

Промената на однесувањето може да предизвика анксиозност, особено ако со години сте биле оној што молчи. Но, гледајте на ова како на вид на професионална терапија. Целта е да поставите нов пат, пат на кој вашиот збор се цени и, што е најважно, слуша.

Извор: BIZlife.rs/K.J.