ЕкономијаМакедонија

Трошоците за градење нови објекти поголеми во четвртото тромесечје, во однос на третото од 2020 година

Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2020 година, во споредба со третото тримесечје од 2020 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1.3 %, трошоците за материјали за 0.9 %, а трошоците за вработените за 2.0 %.

Во четвртото тримесечје од 2020 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2019 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 2.4 %, трошоците за материјали се пониски за 0.2 % и трошоците за вработените се повисоки за 8.0 %.