Увозот на странска работна сила ги навредува и револтира домашните работници
Првите десетина увезени работници од Непал и најавата за најмалку уште толку за еден месец, а за кои процедурата веќе била во завршна фаза во извесни текстилни компании, ги вознемирија домашните работници. Тие, загрижени за нивното понатамашно вреднување на трудот, а кое и сега се сведувало главно на мизерниот минималец, велат дека се чувствуваат и навредено, и понижено. Плашејќи се за своите работни места, не сакаат јавно да зборуваат, но зад камерите не го кријат ни незадоволството, ни револтот, ама ниту паниката.
„Работам преку 25 години во истата компанија и за целото време, примањата ми се минимални. Не ми е јасно со кое лице газдите од нас бараат поголема продуктивност, а платите што ни ги даваат не се доволни ни за половина месец да преживееме на оваа скапија ?! Како не им е срам?! Ама нив, очигледно ги интересира само нивниот профит, а дека ние, на овие години можеме да останеме и на улица, никому ништо. Битно, тие да си печалат. Нека ни дадат и нам попристојни плати, и ние умееме да бидеме продуктивни“, – резигнирано ни изјави една текстилна работничка.
Повеќе на Алфа