ПравдаСветот на работникот

Уште тројца здравствени работници заразени од корона вирусот

Здравствени работници - Работник
162views

Тројца ново заразени медицински работници со Ковид- 19 во Куманово, потврди за Алфа директорот на Центар за јавно здравје, Ариф Љатифи.

Еден од Заразените работел во Здравствениот дом за домашна посета. Другиот заразен е лекар од одделението за ОРЛ. А третиот лекар е од Крива Паланка. Љатифи информира дека во текот на денешниот ден на овие лица ќе им бидат направени епидемиолошка анкета за да се утврди со кого биле во контакт.

Со овие три случаи вкупниот број на заразени здравствени работници се искачи на најмалку 55.

Според Алсат-М, пак, Во МВР досега се регистрирани вкупно 12 случаи на заболени од вирусот Ковид-19. Од министерството има 45 лица во самоизолација и 7 во изолација.