Уште 20 денари фалат да биде 30,000: Просечната нето плата во јануари 29,980 денари
Време за читање помалку од минута
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во јануари 2022 година, во однос на јануари 2021 година, изнесува 106.0.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен
во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (13.9 %), Други услужни дејности (13.8 %) и Трговија
на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (11.0 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано
во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (8.6 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (6.6 %) и
Други услужни дејности (5.0 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2022 година, изнесува 29 980 денари.
Latest posts by Редакција (see all)
- КСС организира Првомајска конференција на тема: „Работничките права во време на промени: Заедно кон праведна транзиција и ефикасна администрација“ - 28/04/2025
- Германија исплаќа најмногу пензии во Хрватска – дури 84.393! - 28/04/2025
- Вработени во РТС поднесоа петиција до Парламентот: Да престанеме да жмиркаме и да не гледаме она што го гледаат сите - 28/04/2025